Вести
ЕКСПРЕСНО ДОНЕСЕН СОБРАНИСКИ ДЕЛОВНИК
Нема претседавање со Собранието на Албански јазик
Од 18 пратеници на ДУИ,двајца гласаа против ваквиот деловник,а 16 ја поддржаа оваа верзија на деловникот.Во насока на градење на консензус и поефикасна работа на Собранието,ние гласавме за овој деловник,бидејќи во иднина ќе се донесе закон за употреба на јазиците во кој ќе биде регулирана употребата на Албанскиот јазик,рече Потпретседателот на интегративците Рафиз Алити
Со 71 глас за и ниту еден против и воздржан пратениците вчера експресно го изгласаа новиот собраниски деловник.
Освен одредбите за скратување на дискусиите,новина во оваа верзија на деловникот е и одредбата со која се регулира употребата на Албанскиот јазик.Според оваа одредба,секој пратеник кој зборува на јазик кој го зборуваат најмалку дваесет проценти од граѓаните на територијата на целата држава има право на собраниските седници и комисии,единствено да говори,но не и да ги води на тој јазик.
Токму ваквата одредба предизвика револт кај дел од пратениците на ДУИ и поделба во пратеничката група.Од 18 пратеници на ДУИ,двајца гласаа против ваквиот деловник,а 16 ја поддржаа оваа верзија.Потпретседателот на ДУИ,Рафиз Алити од собраниската говорница ја образложи одлуката на мнозинството пратеници одоваа партија.
-Во насока на градење на консензус и поефикасна работа на Собранието,ние гласавме за овој деловник,бидејќи во иднина ќе се донесе закон за употреба на јазиците во кој ќе биде регулирана употребата на Албанскиот јазик,рече Алити.
Krijoni Kontakt